6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Oтишол министерот за здравство во контрола во болницата во Охрид

    Oтишол министерот за здравство во контрола во болницата во Охрид. Влегува во болничка соба, гледа чисто, пријатна температура, светло. Во собата тројца пациенти.

    Министерот оди кај првиот и прашува од што бил болен, каква е негата, храната.
    – Ме оперираа од кила. Ќе ме отпуштат за четири дена. Храната е добра. Болничарите секојдневно ни менуваат постелнина. Нешто да се пожалиш – прашува Министерот? Не, не, сè е добро, одговорил пациентот.

    Вториот кажува: Ме оперираа од хемороиди. Ќе ме отпуштат за три дена. Сè е добро. Сестрите внимателни, редовно ни мерат температура, ни даваат терапија. Нешто да се пожалиш – прашува Министерот? Не, не, сè е добро, одговорил и вториот пациент.

    Министерот оди кај третиот: Како се чувствувате Вие? Добар сум, излегвам за два дена. Ме оперисаја од крајници. Сè е добро. Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?

    Добро е, имам една молба ако мојт, ама да не се сватит дека нешчо пребарувам – едвај збори пациентот.
    – Да, да повели! Ама да не се сватит дека нешто не ми е како што треба… Да, да, кажи, му рече министерот!

    Ако можит мојов кревет да го клајте најблизу до вратана! Зошто, прашал министерот?

    Ами, кога идат докторон на сабајле почвит да прегледвит по ред пациенти од вратана па наваму. Ќе го фатит првион за јајца, на вторион ќе му ги пикнит прстите в газот, и најкрај ќе ми ја пикнит мене раката в уста.

    Ако мојт да ме преклајте до вратана, знам ушче два дена ми останаја, ама да не се сватит дека нешчо пребарвам!

    Извор: Navalica.com

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.