Златниот рачен часовник што Патек Филип го изработил за њујоршки банкар на почетокот на 30-сеттите години на минатиот век, е продаден на аукција во вторник за 24 милиони долари, надминувајќи го сопствениот рекорд стар 15 години, објави аукциската куќа Sotheby’s.

Screen Shot 2014-11-12 at 12.02.11 AM

Банкарот Хенри Грејвс побарал од познатиот швајцарски изработувач на часовници да му направи најсложен часовник, подобар од оној изработен на Џејмс Пакард, американскиот производител на автомобили.

„ Supercomplication на Хенри Грејвс го потврди својот статус на најскап часовник било кога продаден на некоја аукција со цена од 24 милиони долари, со што го надмина сопствениот рекорд од 11 милиони долари од 1999 година“, се вели во соопштението на Sotheby’s по аукцијата во Женева.