Секој од нас има свој ангел-чувар. Оние кои се родени на црковни празници мислат дека знаат кој е тој. Вистината е дека ангелите и архангелите се тесно поврзани со хороскопските знаци. 

Видете кој е вашиот ангел според хороскопот.

Овен
Ангелот Баракиел се грижи за успехот на овенот. Тој му дарува животна енергија, која помага полесно да се справи со секоја неприлика, привлекува пријатели и претвора ги претвора овените во оптимисти.

Бик
Вашиот ангел е Аматиел – заштитник на новите потфати и промени во животот. Тој ќе Ви ја исполни душата со светла надеж, ќе ви помогне јасно да го видите вистинскиот пат и да дознаете како правилно треба да ја завршите работата.

Близнаци
Близнаците се управувани од Бахри – ангелот на победата.Бахри ќе ви помогне да ги надминете пречките и да се справите со било какви обврски. Со негова помош ќе се справите со сите искушенија.

Рак
Ангелот Дина упорно ги поттикнува Раковите кон стекнување на нови знаења. Мудроста ќе дојде не тогаш кога ке престанете да поставувате прашања, туку кога ќе почнете да прашувате. Само мудрецот е способен да ги достигне височините во секоја сфера од животот.

Лав
Лавовите се управувани од божествениот ангел Аквариел. Обратете се до него за помош, кога се стремите кон духовен развој и длабоко разбирање на вашиот духовен свет.

Девица
Кадмиум – ангелот на судбината, секогаш е подготвен да ви помогне да го изберете вистинскиот пат. Свртувајќи се кон него со молитва, внимателно треба да го послушате она што ви го сугерира вашата интуиција. Токму преку неа ангелот на Зодијак управува со Девиците.

Вага
Ангелот Барчиел и дава на Вагата внатрешна сила и сочувство, кои и се потребни, таа да им помогне на другите. Ако сакате да го промените животот на оние кои се наоѓаат заедно со вас и ви се драги, контактирајте со Барчиел.

Шкорпија
Овој знак е раководен од Габриел – еден од најсилните ангели. Габриел Ви помага да ви се остварат суштествени промени во животот и создава поволни услови за големи потфати. Одредете главна цел, непрестано молете се на Габриел и наскоро ќе видите како соништата ке почнат да ви се остваруваат.

Стрелец
Сариел е духовно суштество, создадено од Небесниот Отец со цел да ги насочи и да им помага на луѓето родени под знакот на Стрелец. Тој ќе ги одвраќа, кога ќе почнат да вршат работи кои би им донеле разочарување.

Јарец
Ангелот Камбиел ги заштитува Јарците во сите нови, необични и егзотични потфати.

Водолија
Ангелот Катетел им дава на “децата” на Водолијата соединување со нивниот внатрешен свет, со природата, ги благословува со просветителството и длабоко проникнување во суштината на работите.

Риби
Рибите се управувани од ангелот Егалмиел, пресуден за нивната сексуална привлечност. Со негова помош тие се чувствуваат посигурни во нивната мок да фасцинираат, што ги води до успех во љубовта и во делата.