6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

    „Ако не се сврти кон народот како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“, изјави еден од пазарџиите кој протестираше пред Собранието, против новиот закон со кој се предвидува тезгаџиите да платат лиценци.

    Пазарџиите од скоро сите скопски пазари, ги заклучија тезгите и беа на протест пред Собранието. Тие извикуваа„Уа Бектеши“, „Доле Влада, го соголивте народот“ и порачаа дека нема да работат, се додека нивниот глас не допре до надлежните и се укине законот со кој се предвидуваат нови давачки за закупците на тезги.

    „Додека беше Бранко на власт ни воведе еден куп давачи , по него дојде Груевски ајде малку го ослободи пазарот, но и тој не го направи она што го вети. Сега ајде му дадовме шанса на Заев кој вети живот, а испадна ист како Бранко. Нема никаква разлика помеѓу неговиот 15-ти септември и животот на Заев, исто е. Затоа ли го гласавме, ова ли е тој план, праша еден тезгаџија кој продава зеленчук на Бит пазар.

    „Не прифаќаме лиценци. Не за лиценци, нема да им помине. 40 години сум на пазар, ова е невидено што сега ни го прават. Погледнете колку сум облечен, цел ден се мрзнам да продадам кило, две ориз и издржувам 5 члено семејство. Чесно си го заработуваме лебот, нека не остват на раат“, порача друг пазарџија.

    Инаку закон за пазари кој стапи на сила од 1 јанури 2019-та, се предвидува, пазарџиите да платат лиценца за тезга од 3.600 денари, а доколку закупат втора тезга треба да платат дополнителни 2.400 денари. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.