6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Девојче роди негово дете, а тој тврди дека самата се оплодила со негова сперма

    Маж од државата Њујорк во Соединетите Американски Држави е обвинет за силување девојче (11) кое остана бремено, а тој тврди дека таа самата себеси се оплодила со неговата сперма, објави „Мирор“.

    Роберт Кронин ја изнесе својата одбрана во полицијата откако девојчето се породи. Според ДНК-тестовите, било утврдено дека Роберт е татко на детето.

    Таткото на пет деца изјави дека девојчето забременило со користење парче облека на кое претходно тој се самозадоволувал.

    Полицијата во Њујорк го обвини дека имал секс со малолетничка.

    Тој не негираше дека е татко на детето, но тврди дека немал секс со малолетничката.

    Полицијата не му верува, а девојчето и нејзиното бебе се однесени на безбедно место, каде што се добро згрижени.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.