6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кира Најтли ги откри предизвиците што ги очекуваат жените по породувањето

    Кира Најтли одлучи да ја сподели суровата реалност на мајчинството со целиот свет. Таа тврди дека жените треба да бидат пофалени за „емоционалниот и физичкиот маратон” низ кој минуваат кога ќе добијат деца.

    Актерката својот син Еди го роди во 2015 година.

    „Мислам дека жените не добиваат доволно пофалби за физичкиот и емотивен маратон низ кој минуваат како мајки. Бев исклучително привилегирана. Имав многу среќа во кариерата и можев да си дозволам добра грижа за моето бебе, но мајчинството сè уште е многу тешко“, изјави таа за магазинот „Баланс“.

    Кира им порачува на другите мајки дека прифаќањето на сите тешкотии што ги носи мајчинството не значи дека тие се полоши родители или дека се лоши мајки кои не го сакаат своето дете. За Најтли, тоа е само соочување со големите животни предизвици што доаѓаат по породувањето.

    „Сето ова што го реков не значи дека не го сакам моето бебе. Јас само признавам дека недостигот на спиење, хормоналните промени и промените во односот со партнерот се само нешта кои секојдневно влијаат да се чувствувам како да не успевам. Затоа морам да се потсетувам себеси дека не сум неуспех, туку дека правам што можам, но ни тоа не е лесно“, додаде таа.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.