Албанскиот претседател, Илир Мета го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонскиот парламент, кои, како што напиша на социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе му дадат живот на Преспанскиот договор и ќе ја изведат Македонија конечно на евроатланскиот пат.
„Ова е една многу важна историска одлука за Македонија, но и за целиот регион на Балканот. Ја поздравувам посветеноста на премиерот Зоран Заев, како и на албанскиот фактор во Македонија кои обезбедија консензус. Албанија ќе продолжи силно да ја подржува Македонија и сите нејзини соседи на патот на евроатланската интеграција“, напиша Мета на „Фејсбук“.