6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Најпоучната приказна која некогаш ќе ја прочитате

    Еден богат човек одлучил да го однесе својот помлад син на пат, да научи лекција за тоа како изгледа да се биде сиромашен. По патувањето, таткото бил изненаден од реакцијата на својот син.

    Еден ден, видливо расположен таткото го одведе својот син на едно патување во некоја земја, за да му покаже како изгледа да се биде сиромашен. Тие поминале неколку дена и ноќи на фарма со своето семејство, за кое може да се каже дека е сиромашно.

    По завршеното патување, таткото го праша својот син како му се допадна патувањето.

    -Беше одлично, тато, рече синот.

    -Гледаш ли колку луѓето можат да бидат сиромашни. А, што научи на ова патување?”, праша таткото.

    „Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме еден базен во средината на дворот, а тие имаат една мала река, на која не може да ѝ се види крајот. Имаме еден тон светилки во нашиот двор, додека тие го имаат ѕвезденото небо. Нашиот двор е ограден и ограничен, а тие го имаат целиот хоризонт. Ние имаме еден мал дел од земјиштето на кое живееме, а тие имаат пространство без граница. Ние имаме слуги кои нѝ служат, додека тие им помагаат на другите. Ние купуваме храна за нас, додека тие одгледуваат храна за себе. Имаме ѕидини околу нашиот имот да нè чуваат, додека тие имаат пријатели кои тоа го прават.”

    Таткото останал без зборови кога неговиот син му ги искажал своите искуства, а на тоа момчето само додало дека сфатил дека тие се оние кои се навистина сиромашни.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.