6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Познатиот пејач на „Бијело дугме“ се занимава со одгледување на лешници, за кои се интересира и „Фереро“

    Поранешните фронтмен на култната група „Бијело дугме”, пејачот Ален Исламовиќ, покрај активното пеење веќе три години се занимава со одгледување лешници.

    Тој открива на порталот CdM до каде стигна со својот „агробизнис” план.

    Неговата фарма во Бихаќ, која ја организира и води и неговата сопруга, се протега на површина од 25 000 квадратни метри.

    „Тоа е моето слободно време меѓу викендот, работата на плантажата започнува од март, април до септември или октомври“, објаснува Исламовиќ.

    Од седум дена доволни се два за одржување на плантажата, за наводнување, заштита од паразити, прскање, хранење преку коренот, листот и така натаму. Оваа љубов кон земјата и земјоделството му ја всадил неговиот татко, а Бихаќкото Поле е најпогодно за лешници во БиХ.

    „Моите сорти се најбарани на светскиот пазар за фабрики за чоколада, за производство на масла … Ќе работиме на брендирање на моите плодови наречени ‘Лешник од Уна’, кое ќе започне за неколку години “.

    Планот е, додава Исламовиќ, кога ќе отиде во пензија, фармата да има капацитет од 10-15 тони лешници, истакнувајќи дека за неговиот производ веќе се заинтересирани познати преработувачи од странство. „За мене се заинтересирани преработувачи на лешник од Швајцарија, Австрија и Фереро роше”.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.