6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Турција го осуди нападот во Манбиџ во кој загинаа 20 луѓе

    Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди терористичкиот напад врз американските војници во сирискиот град Манбиџ во кој загинаа 20 лица, од кои четворица американски војници.

    Во соопштението на министерството се истакнува дека „Турција со жалење дознава за бомбашкиот напад во центарот на градот Манбиџ во кој загинаа американски воен персонал и цивили“ и се подвлекува дека Турција осудувајќи го ова злосторничко дело со решителност ќе продолжи со активностите што заеднички ги води со САД во правец на отстранување на терористичките организации од Манбиџ и обезбедување на стабилноста и безбедноста во регионот.

    Нападот за кој одговорност презеде Исламската држава се случи по изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД ќе ги повлече своите трупи од Сирија.

    Асуде Кочан

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.