6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Чудо во Велес- посетете го местото Црн Камен за здравје и среќа

    Според народните верувања ова место се посетува за здравје и среќа, а можете и да птоверите колку сте грешни.

    Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“.

    Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен –  Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

    (фото)

    Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан.

    Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев.

    Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир.На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.

    Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ.
    Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет.

    Кога се иде првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот.Застани под карпата кај што тече водата.

    Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.

    Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден.

    Извор: Штипка

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.