6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Јубилеен 100-ти број на неделникот „Скопско Ехо“

    Неделникот „Скопско Ехо“ по јубилеен, 100-ти пат, се среќава и појавува со и пред своите читатели.

    Од редакцијата на „Скопско Ехо“ истакнуваат дека тоа не е мала работа, доколку се земе предвид дека неделникот му припаѓа на семејството на печатени весници кои се потешко опстојуваат на, како што се вели, немилосрдниот медиумски пазар каде електронските медиуми се во прв план.

    „Многумина се сомневаа дека ќе преживееме издавање на само 5 броја, но еве денеска со рекорден тираж од 100.000 примероци покажуваме дека ‘Скопско Ехо’ не само што преживеа туку е и неизоставен дел од животот на многу скопјани веќе две години“, велат од редакцијата на неделникот и додаваат дека стоте отпечатени изданија, се јубулејно закружување од првото издадено на 26-ти октомври 2016 година.

    Во „Скопско Ехо“ главни соговорници се скопјани, а главните теми се секогаш за Скопје, за животот и потребите на градот, а на страниците на неделникот секогаш има место за скопски таленти, за добри идеи и конструктивни критики. Неделникот се доставува бесплатно до поштенските сандачиња на граѓаните, а скопјани можат и слободно да го земат на повеќе од 150 локации низ градот.

    Првиот број се појавил во тираж од 12.000 примероци, а како што велат од редакцијата, од тогаш тиражот оди во нагорна линија – 25.000, 35.000 и 50.000 за јубилејниот 50-ти број.

    Меѓутоа, „Скопско Ехо“ е единствен весник кој не добил субвенции од Владата наменети за помош на печатени медиуми од 50 милиони денари.

    „’Благодарение’ на критериумите за доделување на поддршката – некој се потрудил ‘Скопско Ехо’ да не може да влезе во кругот на оние печаени медиуми чие опстојување ќе го помага државата. Што се се крие зад ова ќе покаже времето, но времето веќе покажа дека токму ‘Скопско Ехо’ успева во спасувањето на печатениот медиум од ударот на модерните медиуми“, велат од редакцијата на неделникот.

    Од таму додаваат дека од ноември минатата година читателите можат да го следат и електронскиот портал skopskoeho.mk на кој се пласираат дневните вести од градот, но и содржините од неделникот.

    Тричлен редакциски тим е јадрото на „Скопско Ехо“ кој секој четврток успева да ги создава новите изданија на неделникот. Со него раководи главниот уредник Антонио Спасев, кој е со новинарско искуство од работата во „Фокус“, ТВ „Телма“ и „Дневник“, новинарот Бранко Ѓорѓевски со искуството од весниците „Вечер“ и „Дневник“, како и техничкиот уредник Антон Власов, кој работел во „Нова Македонија“ и „Време“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.