6 C
Skopje
недела, мај 16, 2021

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ивана го реновираше купатилото за помалку од 100 евра: Сè изгледа како ново

    Кога не сте задоволни од изгледот на одредена просторија во вашиот дом, а немате или не сакате да вложите илјадници евра за да ја...

    Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти: Сектата ни го уништи бракот!

    “Мојот поранешен сопруг имаше сомнежи кон таа терапевтка и нејзината секта. Еден ден ме стави пред готов чин: или тие или тој’, се потсетува...

    Снашке, јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца, па затоа треба да дигнеш кога ти вртам

    Видов многу совети за свекрви, во кои се зборува што смеат, а што не, само да не ја изнервира снаата. Јас се трудам. Но,...

    Во врска сум со женет – најмногу ме нервира тоа што наутро се буди со жена му

    Што има во главата на жената кога е во врска со оженет маж? Со оној кој наутро се разбудил до својата сопруга, а попладне...

    Верувале или не! Македонски газда ги чести вработените одмор во Анталија

    Кога ќе ја читате рубриката „верувале или не“ вообичаено очекувате настани од светот, бидејќи необични и убави нешта за оваа рубрика кај нас речиси и да не се случуваат. Уште помалку се случува да се појави газда на фирма, кој за вработените ќе се грижи како за семејство, бидејќи секојдневно во медиумите се информираме за работници кои се навикнати да им доцни плата, да им се зема „К-15“, па и помошта од државата за време на пандемијата одредени фирми си ја присвоија.

    Затоа засега во рубриката „верувале или не“ во Македонија газда кој отскокнува од овој список е Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Тука му е фирмата, кафулето и ресторанот.  Летната сезона се уште не е завршена, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор. Тој досега неколкупати неговите вработени ги частел одмор, но најинтересно е сега, во услови на пандемија кога на газдите им е полесно да отпуштаат, сопственикот на „ПН Метал“, ресторанот „Валентино“ и кафулето „ИТ“,  вработените со чартер лет ги испрати на одмор во Анталија, Турција.

    Кога му се јавивме и му кажавме дека сакаме да го пофалиме нему му падна незгодно, вели не сака да се експонира, бидејќи не направил ништо посебно.

    -Јас не направив ништо посебно. Заминаа на заслужен одмор. Нема ништо чудно.  Не е прв пат. Биле на одмор на места од екс Југославија, во Бугарија и во Македонија, но сега е прв пат да заминат подалеку. Заминаа на 12ти, пред неколку дена 126 вработени. Секако во фирмата се многу повеќе вработени, но поради семејни причини некои не можеа, а и со чартер летот толку можеа. Ова е еден вид заслуга, на некој начин. Нема потреба од никаква идеја овде, ниту, пак, дека јас сум направил нешто посебно. Едноставно треба да му се каже „фала“ на работникот. Ние сме еден вид семејство, така се однесувам со нив. Ние сите сме исти, луѓе сме. Газдата без работник не може никогаш  да опстане, а и обратно, работниците не можат без газда. А кога сме веќе така поврзани убаво е да се почитуваме. Не е само одмор,  се помагаме за се, за свадби, за раѓање, за недај Боже. Се она што може да се помогне се помага. Ќерка ми работи со мене, таа е дел од тимот, а другата е уште во школо.  Фирмата се занимава со производство на шпорети, семејна фирма е по татко, по дедо. Платите не доцнат. Ако мене ми е убаво и ним треба да им е. Сметам дека работата за сите треба да е свето нешто, но според начинот на кој живееме денес, вработените се супер. Пак ќе речам, луѓе сме сите, нема ништо чудно во ова, вели Новко Плаќаноски и додава:

    „Ве молам не ме фалете толку, јас сум само човек“.

    И така би требало да биде, но кај нас не е. За жал…

    Извор: mms.mk

    Latest Posts

    Ивана го реновираше купатилото за помалку од 100 евра: Сè изгледа како ново

    Кога не сте задоволни од изгледот на одредена просторија во вашиот дом, а немате или не сакате да вложите илјадници евра за да ја...

    Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти: Сектата ни го уништи бракот!

    “Мојот поранешен сопруг имаше сомнежи кон таа терапевтка и нејзината секта. Еден ден ме стави пред готов чин: или тие или тој’, се потсетува...

    Снашке, јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца, па затоа треба да дигнеш кога ти вртам

    Видов многу совети за свекрви, во кои се зборува што смеат, а што не, само да не ја изнервира снаата. Јас се трудам. Но,...

    Во врска сум со женет – најмногу ме нервира тоа што наутро се буди со жена му

    Што има во главата на жената кога е во врска со оженет маж? Со оној кој наутро се разбудил до својата сопруга, а попладне...

    АКТУЕЛНО

    Филипче најави вакцини на крајот на месецот: Болничките капацитети се полнат- не се исклучува можноста за карантин

    Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, рече вчера министерот...

    Од СЗО го открија изворот на пандемијата – знаат од каде започна да се шири коронавирусот

    Во извештајот што ќе биде објавен во следните недели, СЗО детално ќе го објасни изворот на пандемијата на Ковида-19, пишува livescience. СЗО започна опсежна истрага...

    ВМРО-НП: Владата да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови

    ВМРО-Народна партија по трет пат ја повикува Владата на Република Северна Македонија да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови. Ваквите тестови...

    Георгиевски: Еве ви кукавици отворена понуда за дуел

    Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со...

    НОВ ТРЕНД! Силиконски кукли кои изгледаат како вистински бебиња! Дишат и се движат! (ВИДЕО)

    Компанијата „Бебиклон“ прави многу верни копии на бебиња, а секоја од нивните кукли доаѓа со сертификат за автентичност и интегриран чип, така што клиентот...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.

    error: Содржината е заклучена!