6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бали Бег може да оди во пензија, неговата замена ќе ги полуди жените до макисмум (ФОТО)

    Со својата енергија, добар вкус за мода и совршена спортска градба, младиот турски актер дефинитивно стана еден од омилените и најпосакуваните мажи на Босфорот. Џан Јаман е турска ѕвезда, а како што предвидуваат експертите, пред него стои голема и успешна кариера.

    Тој завршил правен факултет и целото негово семејство се надевало дека еден ден ќе стане успешен адвокат, сѐ до моментот кога посакал да се запише на актерско училиште и да си ја испроба својата среќа како актер.

    Ги следел своите соништа, па денес е многу горд на себе. Активно се занимавал и со кошарка, при што оваа фигура не нѐ изненадува премногу! Турскиот актер изјавил дека нема одреден тип жени кои му се допаѓаат и дека освен физичката убавина, за него многу е важно жената да биде емоционално интелигентна и да има добро и примерно однесување.

    Во хороскоп е Скорпија, а љубовта ја објаснува како една голема тортура за која многу е важно кому ќе ја дадете, па затоа најважно е да правите паметни избори!

    Овие денови, во турските медиуми се појави веста дека еден од најактуелните турски глумци Џан Јаман, е во врска со Рабија Јаман. Рабија Јаман е модел, а исто така е и поранешна девојка и свршеница на актерот, Шукру Озјилдиз. Џан Јаман не чекаше многу за да излезе со свој став во врска со овие вести.

    Актерот веднаш на својот Твитер профил ја овјави ова порака: “Никако да престанете со лажни вести. Секој ден се будам читајќи некоја нова глупост. Доста ми е веќе од тоа! ”

    Неодамна, имаше и вести за можната врска помеѓу Џан Јаман и Демет Оздемир, неговиот партнер од серијата “Erkenci Kus”. Како и гласините дека Демет раскина со нејзиниот дечко Сечкин Оздемир поради него.

    Извор: Галама.вебсајт

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.