Ова е рецепт кој ќе Ви заштеди многу време, а ефектот на уживањето во неверојатно благиот вкус на оваа брза чоколадна торта ќе Ве остави без здив. Пробајте и уживајте…

Состојки:

  • 40g какао во прав
  • 100g брашно
  • Малку сол
  • Прашок за печиво
  • 30g шеќер
  • 7 мали лажички масло
  • 90мл млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Помешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течностите и добро промешајте. Смесата ставете ја во калап за торта, а ако сакате поголема количина зголемете ја количината на состојките пропорционално.

Печете на 180 степени околу 20 минути.

Доколку сакате да ја декорирате тортата, направете чоколадна глазура или изрендајте еурокрем чоколада. Може и да ја премачкате со вкусен мармалад или слатко по вкус и да прелиете со чоколадна глазура. Ќе се изненадите од вкусот!