6 C
Skopje
сабота, април 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Градинката „Мајски цвет“ доби нов објект во населбата Тафталиџе 2

    Градинката „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2 доби целосно нов објект, со што капацитетот за сместување на деца е зголемен за дополнителни 150 метри квадратни, информираат од Општина Карпош.

    Од локалната самоуправа додаваат дека стариот објект од монтажен карактер е заменет со нов од цврста градба, при што истиот е енергетски ефикасен и нуди можност за сместување на 95 деца.

    Со новиот објект на градинката се отвораат дополнителни четири простории, кои се опремени со нови дидактички материјали (играчки и едукативни средства изработени од екоматеријали, интерактивни ѕидови за цртање и нов мебел и опрема).

    При денешната работна посета, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, посочија дека продолжуваат со унапредување на условите во предучилишното образование.

    „Со ова темпо продолжуваме и во претстојниот период, каде што во завршна фаза е опремувањето на целосно новата градинка во Бардовци, а за 2019 година предвидуваме и реконструкција на градинката ‘Мајски цвет’, во Тафталиџе 1. Благодарение на поддршката од МТСП, оваа година го зголемивме и воспитниот кадар во градинките во Карпош, со цел да овозможиме квалитетна детска заштита и сеопфатно предучилишно образование“, рече Богоев.

    Царовска посочи дека дидактичките материјали во оваа градинка се меѓу најсовремените и дека објектот ги задоволува сите потребни критериуми и стандарди.

    Таа истакна дека заложбата на МТСП и Владата е до крајот на мандатот, 50 отсто од децата на претшколска возраст да бидат вклучени во предучилишното образование.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.