6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Каква е Вашата свекрва, според нејзиниот хороскопски знак?

    Дознајте што да очекувате од мајката на вашиот сопруг. Односите меѓу снаа и свекрва од секогаш биле деликатни. 

    Сигурни сме дека сликата на злобна свекрва ја имаат повекето идни невести кои се во очекување да кажат “Да” на своите омилени мажи. За ужасните проблеми кои ги имаат двете жени во куќата, секогаш се зборувало и ке се зборува.

    И така, еве какви се свекрвите според нивните хороскопски знаци …

    Овен

    Свекрвите родени под знакот на Овен, сигурно не се во најлошите, кои може да ги сретнете. Се разбира, и тие си имаат свои недостатоци, но генерално нема да се почувствуваат негативни ставови мегу вас, дури и да постои такво нешто.

    Бик

    Доста е да останете дома и да се грижите добро за нејзиниот син и нема да имате никакви проблеми. И кога велиме “да се грижите”, свекрвата подразбира да готвите подобро. Покрај тоа, оваа жена може да биде стабилна финансиска потпора за младото семејство.

    Близнаци

    Ако ви се случи да живеете под еден покрив со свекрвата, подгответе си апчиња за главоболка. Овие дами не се злонамерни, но често се покажуваат доста неподготвени. Сепак, знаеме колку убаво се зборува за Близнаците, а кога на тоа ке го додадеме и епитетот свекрва, ситуацијата станува експлозивна.

    Рак

    Ако мајката на љубениот ви е Рак и сакате да имате топли односи, тогаш подгответе се психички дека треба да и се “додворувате”. Сигурно нема да имате никакви проблеми, ако редовно и се  јавувате по телефон, и ги честитате празниците или да и купувате мали подароци.

    Лав

    Да си дојдеме на зборот! Ако имате свекрва Лав, можеме само да ви посакаме успех. Овие дами сакаат да командуваат, а уште повеќе ќе им се допаднете ако секогаш се согласувате со нив. Кон своеволна лавица треба да се пристапи со должно почитување и внимание, никогаш не го заборавајте тоа.

    Девица

    Сигурни сме дека повеќето свекрви што се Девици се исклучително добри. Изгледаат добродушно и мило и секогаш се спремни да помогнат! Но таа сака да ви ја дава смислата на животот, да  се жали за сите ништа и ако некогаш  успеете да ги задоволите  нејзините високи барања, тогаш нема да имате потреба да се вознемирувате.

    Вага

    Ова е еден од најдобрите знаци за свекрва, на кој може да наидете. Таа никогаш нема да се меша во вашите односи, дури спротивното – ќе ја почитува дистанцата, за да не ви пречи излишно. Немојте да се изненадите ако често ви ѕвони да пиете кафе или да се прошетате по продавниците, таа едноставно сака да сте пријателки.

    Шкорпија

    Овие дами се дефинитивно се “меч со две острици”, па бидете внимателни. Чувајте се од максимално милото и љубезното, кога сте во нејзино друштво, бидејќи еднаш ако ја налутите, нема враќање назад.

    Стрелец

    Ако свекрва ви е претставничка на овој знак, тогаш нема за што да се грижите. Таа секогаш е “над работите” и никогаш не се меша во туѓи односи. Ако сте од чувствителна природа, бидете подготвени, бидејќи на овие дами дефинитивно им недостасува тактичност.

    Јарец

    Јарците гледаат филозофски на живот, а и никогаш не ги прифаќаат децата како нивна лична сопственост. Од оваа гледна точка, свекрва од овој хороскопски знак не би си дозволила да дојде непоканета на гости. Не очекувајте од оваа жена да ви помага во грижата за децата, таа едноставно ќе сака да им се радува од време на време.

    Водолија

    Овие свекрви се модерни, насмеани и ведри. Сепак, бидете будни, зашто ќе очекуваат од вас постојано да правите нешто и да живеете на нејзино ниво. Инаку, немојте да се изненадите ако ви го даде прекарот мрзлива – тоа за нив е вообичаено.

    Риби

    Со таква свекрва, брачниот живот ќе биде песна! Таа ќе ви помага со се што може и ќе ве прима како сопствена ќерка. Може да се потпрете на неа за сè, дури и ако едноставно имате потреба да поплачете на нечие рамо.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.