6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Леб со победа на втората етапа, Де Вилиер е лидер на Дакар релито

    Деветкратниот ВРЦ шампион, Себастиен Леб е победник на втората етапа на Дакар релито во перуанската пустина, додека Јужноафриканецот Жиниел де Вилиер е лидер во генерален пласман за Тојота.

    Де Вилиер, шампионот од Дакар 2009 година, има предност од 28 секунди пред колегата Бернхард Тен Бринке, додека Шпанецот Нани Рома е трет за Мини со 42 секунди послабо време по етапата од 342 километри од Приско до Сан Хуан де Маркона.

    Леб ја стартуваше етапата на 13. место во генерален пласман и сега е петти со 1:56 послабо време по 11. етапна победа во кариерата. Насер Ал-Атијах, победникот на првата етапа, падна на деветтото место, додека актуелниот шампион Карлос Саинс заврши како шести во генерален пласман. Лош ден имаше 13-кратниот шампион Стефан Петерхансел, кој загуби 15 минути заглавен во дините.

    „Имавме добра стратегија и мала предност што стартувавме зад лидерите. Убава етапа, без грешки, а и темпото беше добро. Полека го враќам чувството бидејќи завршив само 100 километри тестирање од минатогодишниот Дакар“, вели Французинот.

    Во пласман на мотоцикли, актуелниот шампион Матијас Валкнер ја освои втората етапа откако успеа да го помине Рики Бребек во финишот на етапата, додека Жоан Бареда во Хонда остана лидер во генерален пласман.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.