6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Раул Гонзалес го одреди тимот за Јапонија

    Македонската ракометна репрезентација попладнево во Минхен ќе го одигра првиот натпревар на 26.Светско првенство. Прв противник на Македонија, во Б-групата, ќе биде Јапонија.

    Во пресрет на дуелот со „самураите“, селекторот Раул Гонзалес одреди кои играчи ќе ја бркаат првата победа на мундијалот.

    Од 18 играчи кои допатуваа во Минхен, дуелот од трибините ќе го следат голманот Златко Даскаловски и пикерот Милан Лазаревски.

    Селекторот Гонзалес реши за дуелот со Јапонија да има двајца голмани, поради што во конкуренција на Борко Ристовски и Никола Митревски, отпадна Даскаловски, додека одлуката Лазаревски да остане на трибините е очекувана бидејќи овој играч во последен момент се најде на спискот откако поради повреда отпадна Димитар Димитриовски.

    Составот на Македонија: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

    Натпреварот Македонија-Јапонија ќе почне во 15:30 часот. Покрај овој натпревар, во Б-групата денес ќе играат уште и Хрватска и Исланд (18 часот), односно Шпанија и Бахреин (20:30 часот)

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.