6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Се самоуби позната докторка од Србија – нејзината последна порака на Фејсбук е нејзин повик за помош

    Белградската докторка и пладстичен хирург Виолета Скоробаќ Ашанин беше пронајдена вчера со рани од нож во својот луксузен стан на Врачар, а според досегашните наводи докторката извршила самоубиство.

    Нејзината последна објава на Фејсбук ја прави нејзината одлука да се самоубие уште почудна.

    „Треба да се сетиме дека не сме единствени кои се нашле во непремостлива неволја. Токму како што змејот се спротиставува на ветровите и нас неволјите може да не зајакнат. И како илјада луѓе пред нас се соочиле со истата судбина и преживеале, така можеме и ние. Д-р Браш – и тоа ќе помине“, напишала таа на својот Фејсбук профи.

    Овој статус го објавила пред вонредната состојба поради коронавирусот во Србија, на 8. април.

    Телото на докторката го пронашле сопругот и нејзиниот син. Бидејќи предолго се задржала во купатило и, тие ја скршиле вратата и затекнале морничава глетка. Итната помош 45 минути се обидувала да ја реанимира 50-годишната жена, но без успех.

    Покрај телото бил пронајден нож. На градите на жената, во висина на срцето биле видливи две убодни рани. Полицијата извршила увид на лице место, а телото било однесено на обдукција.

    Д-р Виолета била член на повеќе здруженија и асоцијации, како во Србија, така и ширум светот. По специјализацијата знаењето го усовршувала на реномирани клиники во Америка, Грција, Русија, Италија и во Бразил. Учествувала на бројни европски и светски конгреси и е автор на преку 40 научни труда.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.