6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Што се случува во студентскиот дом„Гоце Делчев“ во Скопје: “Навечер облекуваме црни танги, а машките…”

    Животот е здодевен без пријатели и забава, тоа е факт, но какви пријатели и кава забава?

    Е за тоа баш и ќе коментирам, без некого да судам, и реалноста за деведесет отсто за „скопските“ студенти ќе ја претставам.

    Ако за пензионерите во Скопје, царски денови за гага превоз во ЈСП се вторник, петок, сабота и недела, за дојдените студенти во Скопје, вторник, среда и четврток се денови за кои живеат.

    За многу од студентите во Скопје, најважно е да имаат пари в џеб, „брендирана“ облека, дечковци/девојки и секако да се дел од журките во диското на студентскиот дом.

    Златно правило е пред да заминат во диско да се соберат 10 души во една соба, од 12 квадрати, да се начукаат со вино ( 3 литри за 120 денари). После еден часот по полноќ почнува „лудилото“.

    Машките, не се замараат многу со изгледот, ама за девојките што да се каже. Десет пати се пресоблекува, трча од соба во соба да најде штикли кои ќе и одговараат на фустанот и обетки кои ги позајмува од некоја девојка која в ходник ни здраво не и вика.

    И така, агонијата за спремање во диско трае неколку часа. Веќе „загреана“ од алкохолот трча ко луда в славното, студентско диско. Диско од времето на Тито, налик на лимена кутија во која свири некој бенд. Бенд кој ни самиот не се познава, а не некој друг да го знае.

    Накај еден часот по полноќ атмосфера, што да ти кажува. На 5-6 места стојат по 7-8 луѓе и се клацкаат, мислиш се на брот носен од морски бранови.

    И тука „славниот“ бенд најавува старт на „лудата студентска забава“ со Цеца, топ музика за диско, и тоа не со било која песна туку со студентскиот хит „Да раскинем сњом“.

    Сите креваат раце, се дерат и викаат, мислејќи дека совршено пејат. Пот тече по секое чело, вентилација не е потребна, температурата е ко во Сахара, ама нема везе, диско е или што.

    По пола час откако влегле девојките в диско, по претходно неколку часа правење комбинации на гардероба од соба в соба, почнуваат да излегуваат.

    За кратко се враќаат со патики на нозете, доста е штикла ги видоа кога влегоа. И така лудилото продолжува. Повеќе се туркаат еден во еден, отколку што се забавуваат.

    Може да ти улета цура, која ти игра позади грб, да се излапаш, да се из*б*ш со неа, иако следниот ден ни здраво нема да си кажеш кога ќе се сретнеш.

    Славното студентско диско ќе приврши накај три часот и секој трча накај својата соба. Влегуваш в соба, а внатре корне на истурено вино и цигари. Типките пак растрчани по соби да вратат што позајмиле за супер изгледот, иако на крај завршиле со фустан и патики.

    И да не се само мета на збор девојките, збор два и за момците. Креваат раце, пијат пиво и на секоја голтка си велат: „Ај на здравје“. Се почнуваат муабети „на нивоу“, алкохолот си го прави своето.

    Следниот ден, јака и душа на чистачката. Тоалетите на спрат полни со кондоми, повраќанции, флаши од вино ( 3 литри за 120 денари) и се што може да се замисли.

    Има многу што да се коментира, ама сега за сега доволно е …

    Текстот е преземен од порталот ЗАСЕ.мк

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.