6 C
Skopje
недела, мај 16, 2021

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    МАКЕДОНИЈА

    Заменик-државниот секретар на САД во посета на Македонија

    Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, денеска ќе престојува во посета на Македонија. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава. Во Скопје е планирано Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.

    Во „ОХИС“ уште има токсичен отпад, Владата најави отстранување за три до пет години

    Премиерот Зоран Заев во име на Владата го потпиша меморандумот за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации – UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора. Имплементацијата на проектот, како што соопштија од Владата, има за цел создавање на заеднички Фонд, како системски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со Европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на Град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град. „Веќе е познато дека одредена количина од овој опасен пестицид со години е затрупан во кругот на фабриката и претставува закана за животната средина. Република Македонија, со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004-тата година, во којашто линданот како токсична материја е додаден во 2009-та година, e обврзана да го реши овој проблем. ..

    Катја Матева: Илјадници Македонци живеат на бандера во Бугарија

    Електрична бандера која се наоѓа во село во близина на Благоевград во Бугарија, била пријавена како адреса за живеалиште на илјада Македонци со бугарско државјанство, а сето тоа е дел од измама организирана ширум Бугарија и осмислена за продажба на сертификати за издавање на државјанства. Ова во интервју за „ЕУ Обзервер“ го тврди Катја Матева, поранешна директорка на одделението задолжено за издавање на државјанства во бугарското Министерство за правда. Матева вели дека првиот човек во месноста, ја пријавил бандерата како адреса на Македонците кои во готовина плаќале за сертификатите, со цел да станат натурализирани бугарски државјани. „Илјада луѓе се пријавени на електричната бандера“, наведува Матева. Таа тврди дека дел од бугарската политичка елита имала корист од ова, и укажува на вицепремиерот, Красмир Каракачанов и член на партијата „ВМРО-Бугарско национално движење“, која е партнер во владата на премиерот Бојко Борисов. Бриселскиот сајт објаснува дека Матева работела во министер..

    Без струја делови на Сарај, Кисела Вода и Студеничани

    Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат: од 9:30 – 14:30 часот дел од село Рашче (општина Сарај); од 13:00 – 14:00 часот дел од улицата Народни Херои – броеви 19, 21 и 23, ул. Никола Добровиќ и средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ (општина Кисела Вода); од 8:30 – 15:00 часот ул. Пушкинова бр. 6 (оштина Кисела Вода) и од 9:00 – 13:00 часот дел од с. Љубин (општина Студеничани).

    Забрана за тешки возила на Стража, Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка

    Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка кои се уште се на сила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, к..

    Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег

    Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени. Во Скопје, претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степена. Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. По котлините ќе има услови за појава на магла.

    На Попова Шапка снежна покривка од 26 сантиметри

    Изутринава во земјава е облачно со локални врнежи од снег, само во Гевгелија имаше слаби врнежи од дожд. Дуваше умерен, на места засилен северен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 40 км/ч. Висината на снежната покривка во Попова Шапка достигна до 26 сантиметри, во Пожаране – 16, и 10 сантиметри во Крива Паланка, Маврово и Тетово. Најмногу дожд ноќеска наврна во Пожаране, Маврово, Тетово и Скопје. Најласно беше во Маврово (-7 степени), а најтопло во Дојран (2 степени).

    Илјадници Македонци со бугарски пасоши се со адреса на бандера за струја

    Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски...

    Јорганџиската улица во скопската чаршија го доби името Европска улица

    Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со aмбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, симболично ја именуваа улицата Јорганџиска под името Европска улица. „На оваа улица пред неколку недели се докажа пред очите на Европа нашата вредност на добро пречекување и најдобро се искажа волјата да се биде дел од Европската Унија преку воодушевувачкиот гест на мајсторот на филиграни Селајдин Асани, кој на Могерини ѝ подари скромен но многу значаен подарок. Во чест на неговиот хуман гест, заедничка желба беше да го овековечиме овој момент со новото име на улицата и со нејзиното декорирање со чадори на кои стои назнаката ‘ЕУ за тебе’“, рече Ганиу. Тој, исто така, вети дека ова ново име нема да остане само симболично туку ќе покрене официјална постапка за нејзино формално именување под името Европска улица.

    ПРЕПОРАЧАНО

    Новиот случај во Кина ги остави научниците без зборови – во напуштен стан пронашле коронавирус, а еве како стигнал дотаму

    Во едно купатило во напуштен стан во Кина, научници пронашле коронавирус и дошле до неверојатно откритие. Стан во градот Гуангџоу во Кина кој бил дел...

    Мицкоски: Нема да поднесам оставка, додека сум жив ќе се борам против сите кои служат на Заев!

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Како што посочи тој,...

    Во петок е голем и тежок празник- еве што треба да направат сите жени и мајки на најголемиот женски празник

    Во петок е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен. Од повеќето празници посветени...
    error: Содржината е заклучена!