6 C
Skopje
недела, мај 16, 2021

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    МАКЕДОНИЈА

    (Видео) Мисајловски: Локалната самоуправа во Свети Николе не работи ништо, исто како Владата

    Денеска дојдовме тука во Свети Николе да видиме дали има капитални проекти, но, за жал, може да ја видиме истата слика насекаде во Република Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, при посетата на овој град. Тој кажа дека за Свети Николе била ветена целосна гасификација, дека ќе се поврзат сите јавни установи со гасификацијата, но како што посочи, на терен може да се види дека апсолутно ништо не се работи. „Во Свети Николе нема капитални инвестиции иако се ветуваа градинки, се ветуваа спортски сали, се ветуваа многу проекти за цело Свети Николе. Но исто како Владата, така и локалната самоуправа апсолутно не прави ништо. Дефинитивно оваа влада ќе биде запаметена како најнеспособната влада во Република Македонија. Но своите пипци Владата ги пуштила и во локалната самоуправа. Може да видиме дека апсолутно нема ниту еден проект, слушаме дека постојано нешто ќе се направи, но, за жал, на терен нема ништо“, кажа потпретседателот на опозициската партија. Мисајловс..

    Студенти креираа нов финансиски инструмент за ФИТР

    Предлог проектите на два тима од трета година на Економскиoт факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, беа избрани како најдобри од деветте групи кои денеска во Фонд за иновации и технолошки развој ги презентираа своите решенија за нов финансиски инструмент за ФИТР. Одлуката ја донесе петчлената комисија во чиј состав беа претставници од Економскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Светска банка, Министерство за финансии, Универзитет Американ колеџ и Фонд за иновации и технолошки развој. „Ова е одлична можност истовремено да научите како да пишувате предлог проекти, но и како да ги презентирате пред идните инвеститори. Целта на оваа задача беше да ве поттикнеме да учествувате во креирање на нови механизми за ко-финансирање на компании, а од ова што го видовме денес комисијата навистина имаше тешка задача да ги одбере најдобрите“, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР. Петте наградени студенти ќе добијат неколкумесечна пракса во ФИТР каде со поддршк..

    Прилеп се подготвува за чествувањето на градската слава „Свети Никола“

    Општина Прилеп традиционално по 13 пат, годинава е организатор на чествувањето на градската слава „Свети Никола“. Домаќин на чествувањето, поточно кум на градската слава овој пат е фамилијата на градоначалникот Илија Јованоски. Од општината најавија дека годинава патрониот празник на градот, ќе се чествува во духот на еднаквоста и хуманоста, без поделби на богати и сиромашни, односно без свечени ручеци во ресторани. „Јас сум градоначалник на сите граѓани, без оглед на националната и верска припадност. Затоа обврските околу годинешното кумство, ги презеде мојата сопруга Виолета Јованоски, како претставник на нашата фамилија. Сакам да кажам дека во духот на св. Никола како заштитник на морето, морепловството,децата и сиромашните годинава за прв пат, ќе чествуваме во духот на еднаквоста и хуманоста. Во центарот на градот ќе се служи една свечена, посна трпеза, а прослави во ресторани ќе нема. Второ, за да ја поттикнеме хуманоста, организиравме со здружението ‘Епилепсија Македонија’ и со о..

    Мисајловски: Ќе бидеме насекаде низ Македонија за да покажеме дека СДСМ ништо не работи

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска се обрати и од Штип, од каде порача дека опозициската партија ќе биде насекаде низ Македонија за да го продолжи серијалот и да им покаже на граѓаните дека СДСМ ништо не работи. Претходно, тој беше во посета на Свети Николе. „Почнуваме еден серијал каде што сакаме да им покажеме на граѓаните дека се она што го вети СДСМ излажа. Денеска имавме можност да бидеме во Свети Николе, а сега дојдовме тука и во Штип да ги слушнеме граѓаните, да ги слушнеме нивните проблеми, но и да слушнеме што се она ветено, а не е остварено. Тука во Штип исто така може да видиме дека иако се фалат со многу проекти нема ништо. Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно минимално ниво“, оцени Мисајловски. Тој додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ биле на власт оставиле голем проект, говорејќи за автопатот од Скопје до Штип, но актуелната власт не се заложила околу проектот. „Иако беше ветувано дека ќе биде завршен на почетокот на оваа година, па п..

    Викиликс афера: Димитров се брани на „Фејсбук“, му извадиле стари инфомации

    Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров два пати бил заштитен извор на американста амбасада во 2008, ја брануваше јавноста. Во дел од медиумите и на социјалните мрежи се коментира дека министерот Димитров нанел штета на државата , дека вршел шпионажа за амариканските служби, односно ЦИА. Димитар Апасиев член на Левица по објавата на тајните информации, на „Фејсбук“ побара оставка од министерот за надворешни Никола Димитров. Некои медиуми објавија дека Димитров на овој начин ја изневерил функцијата на која бил поставен и оддал инфомации кои се важи за билатералните преговори, во времето кога тој беше посредник за спорот со името. „Макфакс“, побара одговор од Основното Јавно Обвинителство да ја разреши дилемата во јавноста дали министерот треба да сноси одговорност , односно дали постои основа за отварање предмет по допрен глас. Од таму, за сега нема информации дали обвинувањата на адреса на министерот во јавноста се правн..

    Заев и Ципрас утре ќе бидат предложени за Нобеловата награда за мир

    Добитничката на Нобеловата награда за мир, во 2015 година, Уидед Бушамауи ќе ги предложи грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир за следната година, поради потпишувањето на Преспанскиот договор. Таа својот предлог ќе го претстави утре, на собир во Скопје, пренесе грчкиот сајт „ТВХС.гр“. На церемонијата ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од грчката партија Сириза, кој ја поддржува номинацијата.

    Забрана за камиони на неколку патни правци поради снегот

    На патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 17.35 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Забрана за камиони е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар од 17.20 часот.

    (Видео) Градинката „Мајски цвет“ доби нов објект во населбата Тафталиџе 2

    Градинката „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2 доби целосно нов објект, со што капацитетот за сместување на деца е зголемен за дополнителни 150 метри квадратни, информираат од Општина Карпош. Од локалната самоуправа додаваат дека стариот објект од монтажен карактер е заменет со нов од цврста градба, при што истиот е енергетски ефикасен и нуди можност за сместување на 95 деца. Со новиот објект на градинката се отвораат дополнителни четири простории, кои се опремени со нови дидактички материјали (играчки и едукативни средства изработени од екоматеријали, интерактивни ѕидови за цртање и нов мебел и опрема). При денешната работна посета, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, посочија дека продолжуваат со унапредување на условите во предучилишното образование. „Со ова темпо продолжуваме и во претстојниот период, каде што во завршна фаза е опремувањето на целосно новата градинка во Бардовци, а за 2019 година..

    Прочистувачи на воздух во сите средни училишта во Скопје

    Сите средни училишта во Скопје денеска ќе добијат прочистувачи на воздух. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека секоја училница во 23 училишта ќе добе прочистувач. „Денеска сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух. Во 23 училишта во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух. Тоа значи дека од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух, особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот. Вредноста на прочистувачите е околу 11 милиони денари“, изјави Шилегов. Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое училиште. „Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите сограѓани, децата се наша иднина и нивното здравје е наш приоритет. Имаме обврска да создаваме услови за здраво живеење, да ги намалуваме ризиците по здравјето на граѓаните, да овозможиме што поздрава животна сред..

    ПРЕПОРАЧАНО

    Новиот случај во Кина ги остави научниците без зборови – во напуштен стан пронашле коронавирус, а еве како стигнал дотаму

    Во едно купатило во напуштен стан во Кина, научници пронашле коронавирус и дошле до неверојатно откритие. Стан во градот Гуангџоу во Кина кој бил дел...

    Мицкоски: Нема да поднесам оставка, додека сум жив ќе се борам против сите кои служат на Заев!

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Како што посочи тој,...

    Во петок е голем и тежок празник- еве што треба да направат сите жени и мајки на најголемиот женски празник

    Во петок е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен. Од повеќето празници посветени...
    error: Содржината е заклучена!